Направена е најголемата нарачка во историјата на Rolls- roys

Кинескиот претприемач Стивен Хенг нарачал 30 продолжени лимузини Phantom кои ќе ги опслужуваат гостите на хотелот Louis XIII во Макао.

Ова е најголемата направена нарачка на автомобили Rolls-Royce од создавањето на британската марка.


Сите 30 автомобили ќе добијат уникатен надворешен и внатрешен распоред. Дизајнот е развиен во Велика Британија со учество на самиот Хенг. Во ентериерот ќе има и посебни часовници од Graff Luxury Watches.

Две од нарачаните лимузини ќе станат најскапите Phantom остварувања на Rolls-Royce. Тие ќе се карактеризираат со златни елементи во декорацијата. Освен испораката на копнената флота на Louis XIII, британската компанија ќе се погрижи и за специјални услуги за хотелот. Специјалистите на Rolls-Royce ќе помогнат за дизајнирање на паркинг местатаза автомобилите, а во наредните месеци ќе се обучуваат возачи кои ќе ги возат гостите во истите.

Според Business Insider флотилата од Phantom го чинела на Хенг 20 милиони долари. Весникот потсетува дека кинескиот бизнисмен е фанатичен приврзаник на британската марка. Тој е наследник на инвеститори и се возел во Rolls-Royce уште додека стажирал во Citibank.

Веќе споменатиот супер луксузен хотел Louis XIII ќе ги отвори своите врати во 2016 година. Најскапото ноќевање таму ќе чини 130.000 долари.

- Реклама -