Иако Наполи играше повеќе со топката, Интер беше поопасен и поконкретен. Наградата стигна од единствениот удар во рамки на голот, во 56. минута, кога Џеко „се поклони“ по центаршутот на Ди Марко. Тој самиот можеше уште во првиот дел да го отвори резултатот, но не ја реализираше шансата во четвртата минута, биеше покрај гол. На Наполи не му помогна ниту Елмас, кој влезе во 76. минута, на местото на Кварацхелија.