Наполи се договорил со Џексон Мартинез

Според информациите од Италија, Наполи постигнал договор за личните услови со напаѓачот на Порто, Џексон Мартинез, останува двата клуба да ја договорат висината на оштетата.

Наполи синоќа го потврди трансферот на Гонзало Игуаин, но се чини дека тука нема да застанат кога се напаѓачите во прашање.

Последните информации велат дека на пат за Неапол е и напаѓачот на Порто, Џексон Мартинез.

Sky Sports Italia пренесува дека Наполи му понудил на Џексон Мартине пет годишен договор со плата од 2 милиони евра по сезона, Колумбиецот се сложил.

Останува уште потешкиот дел, а тоа е договор помеѓу двата клуба.

Порто бара оштета од 40 милиони евра, Наполи се надева дека ќе успее да ја симне цената на нешто повеќе од 20 милиони евра.

Мартинез импресионираше во својата прва сезона во Порто постигнувајќи 34 погодоци на 39 натпревари.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -