Наполи му понуди 15 милиони евра на Анже за Мароканецот Унахи!

Италијански Наполи, чиј член е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас му понудил на Анже 15 милиони евра за трансфер на мароканскиот репрезентативец Азедин Унахи, кој блесна на Светското првенство во Катар кое се играше минатиот месец.

Според информациите на Џанлука Ди Марцо, кои ги пренесе и Фабрицио Романо, наполитанците ја испратиле понудата до Анже со тоа што дури на лето би го земале фудбалерот за врска, односно би го оставиле во францускиот тим да ја доигра сезоната, што е и примамливо за овој тим.

Преговорите на Наполи и Анже продолжуваат, но клучна е желбата на Мароканецот каде сака да игра и пред сѐ од финансиските услови.

Унахи беше еден од фудбалерите на Мароко кој покажа најмногу на Мундијалот и го сврте вниманието кон себе, па дури за него се заинтересира и Барселона.

- Реклама -