За антидепресиви сигурно сте слушнале. А за прогресивна мускулна релаксација?
Станува збор за вежби со стегање и опуштање на мускулите по точно одредени групи кои резултираат со опуштање на целото тело.
Мускулите може да ви помогнат и кај психичките и емоционалните проблеми. На пример, прогресивната релаксација на мускулите постепено и со сигурност ќе ве ослободи од напнатоста. Но, треба да вежбате редовно, два пати дневно – наутро и навечер по минимално 20 минути.
Вежбајте додека седите во удобна столица или лежејќи на под со перница под глава. Техниката се темели на стегање и опуштање на група мускули, а резултира со опуштање на целото тело и умот.
Ако седите, стегајте ги па опуштајте ги мускулите на нозете. Оваа вежба е лесна и не бара посебен простор или опрема. Освен тоа, многу брзо ќе се смирите и ќе ја подобрите концентрацијата.
Стегајте ги мускулите на стапалото, потколениците, натколениците, стомакот, градните мускули, грбот, рацете и лицето. По овој редослед, полека и темелно. Ако е потребно истото направете го и во обратен редослед. Истовремено длабоко вдишувајте и издишувајте.
Ова е особено важно за луѓето што премногу седат затоа што и самиот факт дека со часови се неподвижни е фрустрирачки.
Освен оваа техника, веќе е познато дека секое умерено вежбање го подобрува расположението, затоа што во текот на движењето доаѓа до опуштање на благотворните хемиски соединенија внатре во телото и подобра циркулација.