Храната и течностите што ги внесуваме во организмот значително влијаат на нашето здравје, расположение, но и на телесните мириси како што се потта, плунката и големата и малата нужда.
Затоа ако планирате да поминете време во друштво или во прегратка на партнерот нормално дека сакате да бидете сигурни дека ситници како непријатен мирис на здивот, нозете и потта нема да ви го расипат совршеното дружење.
За тоа може да ви помогне овој вкусен и здрав напиток:
Состојки: 2 јаболки, 4-5 листови свеж кељ, 1 свеж магдонос, 1 цеден сок од лимон, 1 парче ѓумбир
Подготовка: Добро измијте ги состојките во студена вода и се заедно изматете во блендер. Ако овошјето и зеленчукот не се разладени, додадете мраз во блендерот. Ставете го напитокот во чаша и пијте го наутро на празен стомак или меѓу оброците.