Секој се радува кога ќе налета на песна, што е посветена на неговото име.
Музичарот Џонатан Кац е автор на цели 122 оригинални љубовни песни, од кои секоја е посветена на различно женско име.
„Мислев за начин на кој ќе ја споделам својата музика и се сетив дека не секој кој би сакал да напише песна за саканата, може да го направи тоа. Оттаму се роди и идејата да ја споделам мојата музика, со тоа што ќе напишам песни во кои ќе можат да се пронајдат многу луѓе “, вели Џонатан.
Откако напишал неколку, младиот човек продолжува да прима барања за други имиња кои подоцна стануваат песни. Понатаму тој дури има намера да почне да пишува песни и со машки имиња.
Погледнете го неговиот профил на YouTube , за да проверите дали вашето име пронашло место во творештвото на Џонатан.