Британската полиција уапси маж откако тој избоде осум луѓе во Саутпорт, во близина на Ливерпул.
Вооружени полицајци го уапсиле мажот и му го одзеле ножот. Мажот е приведен во полициска станица, соопшти полицијата.
Северозападната итна служба потврди дека најмалку осум луѓе се избодени со нож, а меѓу повредените има и деца кои се хоспитализирани во детска болница. Исто така и другите повредени се примени во болница.
Полицијата соопштија дека нема поширока закана за јавноста, но им порачаа на граѓаните да го избегнуваат делот каде се случи нападот.