Нападнати војници во американската база кај Багдад во Ирак, Американците возвратиле на огнот

Американските сили во воздухопловната база Аин ал Асад западно од Багдад денеска беа цел на напад на кој возвратија .

Според  официјални лица, нападот резултирал со полесни повреди и оштетување на инфраструктурата.  Друг официјален претставник рече дека американските сили користеле борбени авиони АЦ-130 како одговор на нападот.

САД претходно одговорија на нападите врз нивните сили во Ирак и соседна Сирија, за кои одговорноста ја презеде ирачката милитантна група „Исламски отпор во Ирак“.

Оружените напади со дронови и ракети врз американските војници започнаа на 17 октомври, во најголем дел поради американската поддршка за Израел во војната во Појасот Газа.

Претходно денеска на социјалните мрежи, налози поврзани со  ирачките милиции објавија изјава од групата „Исламски отпор во Ирак“, во која жалат за смртта на еден од нивните членови, кој загинал „во борба“ против американските сили. Тоа е првата пријавена жртва во Ирак поврзана со војната меѓу Израел и Хамас.

Прочитајте и:  Хамнеи: Апсење не е доволно, треба смртна казна за израелските лидери

МИА

- Реклама -