Поранешната учестничка во шоуто “X Factor”, Фифи Јаневски, по напуштањето ма натпреварот е многу задоволна со својата кариера кој тргна во нагорна линија.
Сепак, дека популарноста има и лоша страна се увери и таа кога вербало ја нападнал таксист пред два дена.
– Се враќав од снимање во Пинк каде ја промовирав мојата нова песна „Намерно“. Најнормално повикав такси кое дојде за неколку минути и тука почна хаосот. Возачот кога ме препозна не сакаше да оди на дадената адреса, одбиваше да ме вози и ми викаше и навредуваше. Збореше дека сум срамота за своите родители, дека не сум нормална и дека треба да ми е срам. По неколку минути на закани ме исфрли од таксито, а потоа се јавив на пријателка за да дојде по мене- открила Фифи.