Напад во Амбасадата на САД во Анкара

Утрово околу пет часот по локално време биле испукани неколку куршуми кон Амбасадата на САД во Анкара.

Инцидентот поминал без посериозни последици, оштетен бил само прозорецот на кабината на обезбедувањето.

Според сведоците, нападот бил извршен од бел автомобил во движење.

Овој инцидент може уште повеќе да ги влоши односите меѓу Турција и САД, кои и онака се веќе на „стаклени нозе“.

Прочитајте и:  Белата куќа со критики за Илон Маск откако „праша“ зошто има обиди за атентат само врз Трамп
- Реклама -