Во клучен чекор напред во развојот на преносни електронски направи, истражувачите од RMIT Универзитетот од Мелбурн првпат успеале да ја карактеризираат способноста на тенките пиезоелектрични филмови да претвораат механички притисок во електрицитет.
Еден од истражувачите, доктор Маду Баскаран, рекла дека нивното истражување го комбинирало потенцијалот на пиезолектричните материјали – материјали кои можат да претворат притисок во електрична енергија – и темел на производството на микрочипови, технологија на тенки филмови.
„Моќта на пиезолектричните материјали би можела да биде интегрирана во обувки и употребена за полнење на мобилни телефони, да овозможи преносните компјутери да бидат полнети со користењето на тастатурата или дури и да го претвора крвниот притисок во напојување за пејсмејкери – во основа создавајќи вечна батерија“ додала таа.
„Концептот на создавање енергија користејќи пиезолектрични наноматеријали бил демонстриран но создавањето на овие структури може да биде комплицирано и истите не се најдобро погодени за масовно производство. Нашата студија се фокусираше на облоги од тенок филм бидејќи тие ја поседуваат единствената можност за интегрирање на пиезолектрични материјали во веќе постоечка електронска технологија.“
Студијата финансирана од Австралискиот Истражувачки Совет ги проценила способностите за генерирање електрична енергија на пиезоелектричните филмови во наноразмер, за првпат вршејќи прецизни мерења на нивото на електрична волтажа и струја – со тоа и моќност – која би можела да биде генерирана.
„Во потрагата по алтернативни енергетски решенија, мора да најдеме поефикасен начин за напојување на микрочипови, бидејќи тие се основен елемент во секојдневната технологија како смартфон или побрз компјутер“ изјавила доктор Баскаран. „Следниот клучен предизвик ќе биде појачувањето на електричната енергија генерирана од пиезоелектричните материја за да се овозможи нивно интегрирање во евтини, компактни структури.“ [Nanotechnology pushes battery life to eternity]