5 намирници што може да ги јадете во неограничени количини без да се здебелите

Да, да. Постојат намирници што може да ги јадете кога сакате и колку сакате. Не зборуваме за зелена салата без сол и зејтин туку за вкусни намирници што може да ги јадете цеел ден.

1. Пуканки

Верувале или не, пуканките се една од најздравите и најнекалоричните грицки што постојат. Не заборуваме за пуканки со путер или други додатоци туку за обичните што може да ги направите со една капка зејтин и сол.

2. Кисели краставички

Речиси да не постои некој што не сака кисели краставички. Може да ги конзумирате при држење на било каква диета и со било кој оброк во текот на денот.

3. Чипс од кељ

Исчистете го кељот од дебелите стебла и листовите искинете ги на помали парчиња. Посолете ги, премачкајте ги со малку маслиново масло и печете ги во рерна десетина минути.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

4. Карпачио од тиквици

Ако се уште не сте пробале карпачио од тиквици сега е време за тоа. Станува збор за намирница што секој може да си ја дозволи. Тиквиците исечете ги на тенки парчиња и натопете ги во лимонов сок и оставете ги да отстојат некое време. Потоа додајте малку маслново масло, сол и бибер. Тајната се крие во лимоновиот сок кој ги топи маснотиите, а самиот оброк има многу малку калории.

5. Артичоки од конзерва

Артичоките се јак антиоксиданс и вкусна намирница. Може да ги јадете со секој оброк, а ако ги конзумирате сами, знајте дека ќе внесете незначителен број калории, а при тоа ќе уживате во богатиот вкус.

- Реклама -