Намирници што ги штитат очите и видот

Проблемите со видот може да се избегнат со внесување на витамините А,Ц и Е, цинк, бетакаротен и омега 3 масни киселини. Прочитајте кои намирници може да го забават развивањето на болести што го слабеат нашиот вид.

Сок до портокал

Витаминот Ц влијае на здравјето на очите. Позитивно влијае на крвните садови и може да го намали ризикот од катаракта. Со внесување на 500мг витамин Ц дневно може да го забавите развивањето на напредни дегенерации на окото до 25 отсто и загубата на видот за 19 отсто кај лицата кои се изложени на поголем ризик од добивање на овие болести.

OrangeJuiceTest-740

Остриги

Остригите претставуваат најголем извор на цинк, минерал што е неопходен за здравјето на очите. Цинкот овозможува витаминот А да создава пигмент наречен меланин, што ги штити очите и е поврзан со подобар ноќен вид. Експертите препорачуваат 40 до 80 милиграми цинк дневно, што е еднакво на 6 остриги. Меѓутоа со оглед на цената, остригите за поголем број луѓе не се достапни, но постојат и други добри извори на цинк како што е говедското месо, гравот и оревите.

Кељ

ZS_keq

Варениот кељ е богат со антиоксиданси кои се наоѓаат и во нашите очи. Во прашање се лутеинот и зеаксатин кои заедно ги штитат очите од штетните слободни радикали.

Кикирики

Кикириките се одличен извор на витамин Е и омега 3 масни киселини, кои се клучни состојки за добро здравје. Докажано е дека витаминот Е го одлага добивањето на катаракта и други дегенерации на очите. Лицата кои страдаат од ниско ниво на омега 3 масни киселини се подложни на заболување на очите или оштетени крвни садови на зеницата што може да доведе до слепило.

- Реклама -