Наместо предигра: Како најлесно да ја навлажните таму долу?

Женската сексуалност е комплексна и тешко е да се задоволи жена. За да успеете во тоа, пред се треба да ја расположите за секс, а за да го постигнете тоа ви треба да знаете и по некој трик. На пример, следниов, кој можеби е наједноставен од сите што сте ги сретнале до сега…

Се работи за јаболкото. Дека јаболките се добри за здравјето е кажано многу пати, но според најновите истражувања, јаболкото може многу да ви помогне во сексуалниот живот, посебно во процесот на „подмачкување“.

apple

Конзумацијата на јаболки позитивно делува на сексуалната подготвеност на жените. „Оние кои секојдневно јадат јаболки имаат подобар сексуален живот“, велат истражувачите од болницата Санта Кјара во Трент. Покрај останатите корисни состојки, јаболките содржат и полифеноли и антиоксиданси. Од аспект на сексот, тоа значи зголемен крвоток во гениталните зони, а со тоа и зголемена сексуална возбуденост.

Истражувањето покажува дека кај жените, со зголемениот внес на јаболка се подобрува и вагиналната влажност и сексуална функција, кои пак се главните фактори кои се користат при проценка на сексуалното задоволство.

horny

Учествувале 731 здрава жена, на возраст од 18 до 43 години, а покрај прашањата за сексуалниот живот, тие биле прашани и за нивните прехранбени навики, како и за дневната количина на јаболки што ја внесуваат во исхраната. Биле поделени во две групи: првата – жени што јаделе повеќе од едно јаболко на ден, втората – жени што јаделе помалку од едно јаболко на ден. Резултатите се јасни, а заклучокот е дека жените што јадат повеќе јаболки имаат поквалитетен секс.

Ваквиот ефект јаболкото го има само кај жените. Сепак, да не се лажеме, кога теренот е полизгав, на сите учесници им е пубаво. Па, јадете јаболки!

- Реклама -