Полицијата во иднина би можела да ги лови криминалците и со помош на нови техники за собирање форензички ДНК докази од воздухот на местото на настанто. Имено, на австралискиот Универзитет Флиндерс неодамна ваква метода успешно беше тестирана на конвенционални клима уреди и системи со кои се мери квалитетот на воздухот и постоењето вируси кои се пренесуваат преку воздух во болниците, училиштата итн.
ДНК од околината подразбира каков било генетски материјал кој е собран директно од средината, како што е водата, почвата, седименти или воздухот, без присуство на изворен биолошки материјал, односно организми или делови од организми од кои потекнува таа ДНК.
Организмите најчесто испуштаат ДНК во околината во форма на клетки и ткива како што се влакна или кожа, урина или измет или преку распаѓање на мртви организми. Исиштената ДНК некое време останува во околината, каде што може да се собере и да се анализира.
Така, човечка ДНК може да се собере од воздухот откако луѓето зборувале или дишеле преку капките плунка и исфрлените клетки од кожата. Форензичарите од Универзитетот Флиндерс велат дека тоа може да се искористи како доказ дека некој бил во некоја просторија, дури и ако носел ракавици или ги избришал површините за да нема отпечатоци.
“Нашата студија покажа дека воздухот кој циркулира низ клима уредите може да собере човечка ДНК затоа што таа лебди низ воздухот и се таложи на површини. Сега знаеме дека еДНК и еРНК извлечени од кожата или плунката може да се најдат и во воздухот, мразот, почвата и водата“ велат австралиските експерти.
Пилот-проектот е опишан во списанието Electrophoresis, а ги споредува резултатите на примероци земени од четири клима уреди во четири куќи.
Истражувачите сега препорачуваат и дополнителни студии со кои би се одредиле најдобрите места и најдоброто време за тестирање на ДНК траги.
Извор: bug.hr