Ја сакате стимулацијата која кофеинот ви ја дава, но не го сакате горчливиот вкус на еспресото? Тогаш можеби треба да го пробате овој инхалер за кафе.
Ја сакате стимулацијата која кофеинот ви ја дава, но не го сакате горчливиот вкус на еспресото? Тогаш можеби треба да го пробате овој инхалер за кафе.
Инхалерот со големина на кармин содржи кафе, како и чоколадо во оригиналната верзија. Со мал притисок на горниот дел, прашина од кафе и воздух ќе влезат директно во вашата уста.
Секоја туба чини $3 и е доволна за 9 дози, што е еднакво на 100 милиграми кофеин, односно количина која се наоѓа во чашка еспресо.
Дали би го замениле вашето ритуално еспресо за туба кафе во прав? Одговорот кој го добивме од нашите автори е категорично НЕ. [Le Whif Store]