Наместо чадор: Мобилно столче што нуди спас од долгото стоење

Долгото стоење може прилично скапо да ги чини нозете, стапалата и ‘рбетот. The Sitpack е минималистичко, но ефикасно решение за проблемот.

Со Sitpack, ниту стоите, ниту седите. Попрецизно, се потпирате со задникот на хоризонтална оска, додека вертикалната служи како потпора за вашето тело.

22-468x358[1]

Најдоброто кај овој гаџет е што е екстремно мобилен и пренослив, исто како што е чадорот. Кога е собран, зафаќа простор колку една голема лименка пиво – должината е околу 16.8 сантиметри, а е доволно лесен и мал за да го носите во џебот. Кога ќе го отворите, добивате инстант столче, чија висина се прилагодува во зависност од димензиите на вашето тело и позицијата на седење.

Прочитајте и:  Повеќе од 10 часа седење и лежење може да го ослаби срцето

32[1]

42[1]

Sitpack е направен од ултра-цврст поликарбонат и може да издржи личност до 150 кг. При употреба, не ги релаксирате сите мускули, како при седењето. Сеуште ги активирате мускулите потребни за балансирање. Тоа значи дека вашето тело одржува здрава позиција на седење и здрав проток на крвта до нозете. Со тоа, предупредувањата за штетноста на седењето се надвор од вашата сфера на грижи. Ви останува само да уживате во концертот на отворено или политичкиот митинг, на пример.

52[1]

mono-plus-mono-sitpack-portable-ergonomic-foldable-seat-denmark-designboom-01[1]

- Реклама -