Намалете ја тежината со вежбање пред појадокот

Намалете ја тежината вежбајќи пред појадокотВо една неодамна објавена студија, научниците објавија оти терминот на вежбање значително влијае врз способноста за намалување на телесната тежина. Доколку тоа ви е целта, тогаш утринските вежби треба да ги позиционирате пред појадокот.

Испитаниците биле поделени во три групи. Сите конзумирале подеднакви количини храна, но само две групи од нив имале интензивни тренинзи – едната група пред појадок, другата по појадокот. Резултатите покажале дека оние што имале диета богата со јаглехидрати, а вежбале по појадокот, загубиле помалку тежина.

Причините за ова се во состојбата на изгладнетост (по спиењето), поради која телото мора да троши од масните наслаги за да се справи со напорот од вежбањето. Во тие случаи, енергијата се троши и не се складира во мускулите, со што автоматски ќе намалите повеќе тежина.

Прочитајте и:  Појадокот е доста важен за намалување на крвниот притисок

Па, доколку намалувањето на телесната тежина ви е важна цел, а и онака вежбате наутро, резултатите ќе бидат побрзи доколку терминот за вежбање го поместите пред појадокот.

- Реклама -