Бројот на превезените патници со автобуси во третото тримесечје од годинава е намален за 27,9 отсто во градскиот и за 8,4 проценти во меѓународниот превоз, додека во приградскиот и во меѓуградскиот превоз е зголемен за 3,2, односно за 5,5 отсто во однос на истиот период лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 29 отсто, во приградскиот за 2,4, а во меѓуградскиот превоз за 1 отсто, додека во меѓународниот превоз има зголемување од 2,8 проценти.