Астрологијата ја има во секој дел од нашиот живот, па дури има и корисни совети поврзани со тоа која боја на лак најдобро ви одговара според вашиот хороскопски знак. Дознајте повеќе за односот меѓу бојата на ноктите и хороскопските знаци, во целост да го изразите своето астролошко наследство преку избор на боја за лак за секој ден или посебни прилики.
Овен
Исполнета со енергија, на жената Овен и треба силна нијанса која ќе ја изрази нејзината личност и глад за успех. Виолетовата е одличен кралски избор за Овнот кога е во прашање боја на ноктите според хороскопскиот знак. Треба да ги пробате и црвените силни нијани за уште појасно да ја покажете вашата самодоверва и страственост.
Бик
Ако сте родени во знакот на Бик, веројатно сте многу организираин и преферирате ред и уредност наместо неред и хаос. Внатрешната сила и љубезност се исто така две важни карактеристики поради кои зелената е добра боја на лак за вас. Други добри опции се суптилни нијанси на розова, не премногу силни, туку нежни и елегантни.
Близнаци
Кога се во прашање Близнаците, на нив им недостасува одлучност, а најчесто најмногу се плашат од досада. Вистинска боја на лак според хороскопскиот знак е или силна портокалова или силно жолта боја која покажува дека се работи за силна личност. Не се плашете да носите силни и храбри бои, но немојте да претерувате па на сето тоа уште и да нанесете лак со штрас.
Рак
Ако сте Рак вие не се доверувате лесно, но кога ќе се заинтересирате за некого секогаш се однесувате заштитнички. Сребрената е вистинска нијанса за вас бидејќи ви овозможува дискретно да заблескате во светлината на својата планета заштитник Месечината. Покажете ја својата романтична страна со сите нијанси на сребрена и сина боја и нема да зажалите.
Лав
Креативна, а понекогаш дури и помалку заповеднички настроена, Лавицата има многу сила и енергија која е подготвена да ја шири секаде околу себе. Најдобра боја за лак на ноктите за овој хороскопски знак е или бронзена или интензивно златна боја. Не претерувајте со штрасот, концентрирајте се повеќе на самата интензивна боја.
Девица
Како Девица вие толку сакате да дадете на другите, што понекогаш може да се случи луѓето да ја искористуваат вашата добрина. Дури и ако сметате дека добро ги проценувате луѓето секогаш два пати размислете пред да им го подарите своето срце. Покажете и добијте поголема самодоверба со интензивна и одважна црвена боја на лак. Или одлучете се за суптилна нијанса на темно морнарско сина или чоколадно кафена.
Вага
Романтична и општена, жената а сака суптилност и пушта работите да се одвиваат природно, сами по себе. Вашиот основен избор за боја на лак за нокти според хороскопскиот знак се беж нијансите, но тоа не значи дека мора да се откажете од други похрабри опции. Кога се чувствувате енергично одберете силни нијанси на сина боја која ќе остави впечаток, а повторно ќе ја покаже вашата лежерност.
Скорпија
Енергични до таа мера што понекогаш делуваат агресивно, Скорпиите имаат два начина на избор на вистинска боја на ноктите според хороскопскиот знак. Жешка, интензивно розова или пинк боја е боја со која сакаат да ја покажат својата женствена страна, а за поелегантна опција можат да се одлучат за длабоки и богати кафени нијанси. Нема да погрешите со ниту една од овие две бои бидејќи двете одговараат на вашата личност.
Стрелец
Секогаш сакаат да ги поместуваат сопствените граници, жените родени во знакот на Стрелец главно имаат позитивен карактер целосна искреност и практичен поглед на светот. Одберете посветли нијанси на виолетова боја за секојдневни моменти. А кога сакате да бидете одважни одберете црн лак за нокти кој ќе даде до знаење дека се работи за силна личност.
Јарец
Неутралните бои на пример боја на песок секогаш се добар избор за жена Јарец, а исто така и сината боја. Природната и смирено сиво-беж боја ќе ви помогне да го скротите вашиот борбен дух кога ќе почувствувате дека тој излегува од контрола. А ако сакате да ја покажете вашата поромантична страна нежните сини нијанси се одличен избор.
Водолија
Силата не е проблем за жена родена во знакот на Водолика, па светлите нијанси се секогаш добар избор на лак за нокти. Вие дури без проблем можете да носите и неонски бои, но ако сметате дека тоа е претерано пробајте барем тиркизна боја.
Риби
Емоционалната длабочина и сочувството се некои од најважните карактеристики на Рибите, па нежните нијанси на розова и лилакова се совршен избор што се однесува до ноктите. Исто така, можете без проблем да носите и разни нијанси сива боја кои одлично одговараат на вашиот хороскопски знак.