Најпознатото куче–патник

Кучето по име Оскар е единственото милениче кое заедно со својата сопственичка престојувало на пет континенти и вкупно 32 држави.

Дали ви се верува дека Оскар е еден од најпознатите светски патници?!

Фотографиите од неговиот албум кои ќе ги видите подолу сведочат дека тој ги има видено Ајфеловата кула, Црвениот плоштад, египетските пирамиди, Кинескиот ѕид, Холивуд и Лос Анџелес и има летано со хеликоптер над Гранд Кањонот!

11

Животот на ова куче пред почетокот на овие авантури бил здодевен и едноставен. Оскар живеел во прибежиште за кучиња во Кејптаун, Јужна Африка, но по посетата на една новинарка по име Џоан Лефсон тој бил преселен во нејзиниот дом.
Во 2009 година, новинарката решава да замине на патување околу светот во придружба на своето милениче Оскар.

12

Патувањето чинело околу 400 000 долари, поради што новинарката била принудена да го продаде домот.

Според фотографиите патувањето на Оскар му годело. Во јануари годинава тој бил прегазен од камион во Калифорнија.

13

Необичното патување претставувало вистински мотив за многумина заштитници на бездомните животни за нови проекти, подвизи и ангажирања за нивно згрижување.

14

Погледнете го Оскар фотографиран на различните меридијани на светот!

15 16 17 18 19 20 21 22 24 26 28 33 34 35 37 38 39 40 41 43

- Реклама -