Највисоките кули во светот

Првата телевизиска кула во светот била изградена во Берлин во 1926 година. Според современите стандарди нејзините размери биле многу скромни, односно кулата била висока 150 метри и тежела околу 600 тони.
Денешните кули имаат многу погигантски размери. Погледнете ја галеријата со највисоките ТВ кули во светот и дознајте ги нивните размери!
1. Ташкентската кула изградена е 1985 година и е висока 375 метри. Лоцирана во градот Ташкент Узбекистан, кулата е градена 6 години и претставува највисока кула во Централна Азија.

1
2. Киевската кула е изградена 1973 година во главниот град на Украина, Киев и е висока 385 метри. Кулата се состои од челични цевки со различна дебелина и нејзината тежина изнесува околу 2 700 тони. Киевската кула е највисока во Украина. Истата е за 60 метри повисока од Ајфеловата кула, но тежи 3 пати помалку.

2

3. Централната кула во Пекинг

3
Централната кула во Пекинг датира од 1995 година и е висока 405 метри. На нејзиниот врв е изграден ротирачки ресторант.
4. Кулата во главниот град на Малезија, Куала Лумпур била изградена 1995 година, а нејзината висна изнесува 421 метар. Поради оригиналното осветлување таа го добила неофицијалното име „Градина на светлината“.

(4)
5. Кулата во Техеран, Иран е висока 435 метри и датира од 2006 година. Кулата поседува 6 панорамски лифта, а на височина од 276 метри се наоѓа и ротирачки ресторан. Со површина од 12 000 метри квадратни оваа кула се смета за најголема во светот по површина.

5)
6.  Втора по височина во Азија се смета кулата во Шангај, Кина. Изградена е во 1995 година и има висина од 468 метри. На одредена височина на кулата е изграден ресторан, ноќен бар и 20 караоке простории.

6)
7. Кулата е лоцирана во Москва, Русија и има висина од 540 метри. Изградена во 1967 година и тежи околу 5 100 тони.

7)
8.Canada’s National Tower

8(
Кулата во Торонто, Канада била изградена во 1976 година. Со висина од 553 метри таа е два пати повисока од Ајфеловата кула.
9. Кулата Гуангжу, Кина е висока 610 метри, а е изградена 2009 година.

9)
10. Кулата во Токио, Јапонија позната како „Скај Три“ е највисока кула во светот со вкупно 634 метри, а е изградена минатата година. Во кулата има повеќе од 300 бутици, авариуми, планетариуми и театар.
10(

- Реклама -