Според податоците на Државниот завод за статистика, во август највисоки плати земале вработените во воздухопловниот транспорт, а најниска текстилците и кожарите.
Нивната просечна нето плата во август изнесувала 56.311 денари.
Нето плата од 38.375 денари земале вработените во секторот за информации и комуникации, додека пак програмерите и консултантите земале просечна палта од 54.319 денари.
Кај правниците и сметководителите платата во август изнесувала 40.650 денари, додека во финансискиот сектор 41.725 денари.
Најниска просечна плата имале вработените во текстилната (13.452 денари) и кожарската индустрија (12.720 денари).