„Највалканиот“ играч повторно се извлече: Суарез без казна

Луис Суарез кариерата на сјаен напаѓач, но ништо помалку и на расист и силеџија на фудбалските терени, ја почна во Национал кога беше исклучен поради удирање на судијата со глава. Имал само 15 години.

Со доаѓањето во Европа, поточно во холандскиот Гронинген, продолжи со исто темпо: одлични натпревари, голови, асистенции и борбеност, но и лошо однесување. На пример, во пет наптревари во 2007 година постигна четири голови, но заработи три жолти и еден црвен картон.

Во трииполгодишната кариера во Ајакс постигна 111 голови, но доби и многу жолти картони поради приговори и неспортско однесување, судири со соиграчите и противниците, а од Ајакс си замина во 2011 година кога беше суспендиран на дербито против ПСВ кога го гризна за рамо Отман Бакал.

Преминувањето во Ливерпул за рекордни 22 милиони фунти не донесе промени во неговото однесување. Уште полошо неговото насилство во Англија ескалираше: Во 2011 година грубо на расна основа го навредуваше Патрис Евра, поради што доби суспензија за осум натпревари.

На почетокот на оваа година на натпреварот против Мансфилд го постигна решавачкиот гол откако намерно и очигледно играше со рака. Секако, не му ни падна на памет да го признае тоа.

Најновиот испад на Суарез се случи на натпреварот меѓу Ливерпул и Зенит кога, се чини намерно, го згази противникот Томаш Хубочан во борба за топка.

suarez_gazi_hubocan_ss

Судијата Бјорн Куперс не го казни, но го внесе инцидентот во извештајот, па дисциплинската комисија на УЕФА реагираше: инцидентот го оцени како ненамерен и го ослободи Суарез од обвинувањата.

Колку беше случајно проценете сами:

[youtube]http://youtu.be/mKuYWr8u1Vw[/youtube]

- Реклама -