Прекрасни, драматични водопади се популарен субјект за фотографите. Најдобрите фотографии даваат нова перспектива на субјект кој е фотографиран безброј пати.
Yosemite Falls – Националниот Парк Јосемајт, Калифорнија
Највисокиот водопад во Северна Америка е составен од три делови. Водата паѓа 739 метри и додека повеќето луѓе го набљудуваат од платформа во близината, поамбициозните можат да се искачат по стрмна патека се до врвот.
Snoqualmie Falls – Вашингтон, САД
Секоја година повеќе од 1,5 милиони луѓе се собираат за да ја видат оваа завеса од вода висока 82 метри.
Chasing Waterfalls, Сељаландсфос, Исланд
Недалеку од драматична плажа со црн песок водата од Chasing Waterfalls се спушта 39,6 метри опкружена од смарагдно зелени карпи. Најдобриот дел од овој водопад е што можете да отидете зад него што ќе ви овозможи да создадете прекрасни фотографии.
Devil’s Punchbowl, Јужен Остров, Нов Зеланд
Останувајќи верен на своето име Devil’s Punchbowl Falls не е романтична каскада. За време на топењето на снеговите водата ја напушта карпата и паѓа 131 метар низ воздух.
Iguazu Falls, Бразил
Кога Еленор Рузвелт ги видела овие водопади таа рекла „Кутрата Нијагара“. Водопадот кој е повисок и двапати поширок од Нијагарините Водопади и се наоѓаат на границата помеѓу Аргентина и Бразил.
Jungfrau, Интерлакен, Швајцарија
Јунгфрау регионот е преполн со стотици водопади кои се надоврзуваат на прекрасните долини. Планините во околината обезбедуваат забава во текот на целата година, од летно планинарење до пикници и скијање.
Lower Falls, Национален Парк Јелоустоун, Вајоминг, САД
Од двата водопади кои се резултат на Реката Јелоустоун, Lower Falls е подраматичен паѓајќи 93,8 метри во црвениот кањон.
Enchanted Kawasan Falls, Цебу, Филипини
Искачувањето до овие водопади (постојат вкупно три) трае 30 минути. Опкружени со тропска вегетација и скриени во планините Барангеј Матутинао и Бадиан. Тие се популарни и кај локалното население и кај туристите кои доаѓаат да пливаат во студените лагуни.
Fallingwater, Мил Ран, Пенсилванија, САД
Архитектот Френк Лојд Рајт го дизајнирал овој дом кој постои во хармонија со природата драматично поставен над прекрасен шумски водопад.
Jägala Falls, Естонија
Ова прекрасно место – често познато како „Ниајагараните водопади на Балтикот“ се наоѓа на околу 29 километри од главниот град, Талин. Водопадот е висок 8 метри и е особено прекрасен во зима кога половина од него замрзнува.