Ако мислевте дека само овие се најубавите ресорти во Тајланд, се лажевте. Денеска ви претставуваме уште пет луксузни ресорти во оваа егзотична земја во кои за жал може да уживаат само оние со подлабок џеб.
1. Anantara Rasananda Koh Phangan
Уште еден преубав ресорт лоциран на само 15 минути од меѓународниот аеродром Кох Самуи. На гостите им нуди егзотичен поглед и атмосфера што се памети цел живот. Вилите се наоѓаат на самата плажа.
2. Four Seasons Resort
Овој ресорт се наоѓа на преубавиот остров Кох Самуи кој изобилува со преубави плажи и спектакуларна вегетација. Оддалечен е на пет минути од Натом, главниот град во овој регион и на 30 минути од аеродромот. Погледот од вилите е непроценлив. Азурната вода и златните плажи се како остварување на соновите.
3. Chiva-Som Resort in Hua HIn
Уште една преубава туристичка атракција. Совршено место за оние што сакаат мир и приватност. Лоцирана е на мирно и тивко место опкружена со тропски градини. Оддалечен е три часа возење од Бангкок.
4. Pimalai Resort in Koh Lanta
Како што до сега видовте Тајланд изобилува со прекрасни ресорти и сите се уникатни. Pimalai Resort in Koh Lanta е уште еден во низата. Лоциран е далеку од гужвата и полните плажи.
5. Rayavadee Resort
Овој ресорт се наоѓа во еден од националните паркови на Тајланд. Опкружен е со прекрасни пејзажи и песочни плажи. Ресортот импресионира и со убавата архитектура и пријатната атмосфера.