Ако се прашувате каде да го поминете следниот одмор или каде да заминете на меден месец одберете го Тајланд. Оваа земја изобилува со преубави места, а да не зборуваме за ресортите. Ретко кој може да си дозволи уживање во нив, но вреди да се погледнат барем на фотографии. Ви ги претставуваме најубавите и најлуксузни хотели во Тајланд.
1. Six Senses Soneva Kiri Resort
Опкружен е со џунгла и претставува прекрасно место за бегство од секојдневието. Лоциран е во срцето на Тајланд на островот Кох Код. До него се стигнува само со брод или авион. Едно ноќевање чини од 500 до 2 500 долари
2. Six Senses Hua Hin Resort
Лоциран е јужно од Хуа Хин на брегот на Гулф оф Сиам. Неговата изградба е почната уште во 1920 година како палата на кралот Рама Седми. Претставува најстаро летно одморалиште во Тајланд и од Бангкок е оддалечен 30 минути лет. Овој прекрасен ресорт нуди 55 луксузни вили. Секоја од нив има приватен базен и градина.
3. Silavadee Pool Spa Resor
И овој ресорт по ништо не се издвојува од претходните два. Прекрасен и луксузен. Оддалечен е 15 минути од аеродромот Самуи, а опкружен е со живописни пејзажи. Претставува навистина мирно и тивко место за одмор.
4. Six Senses Yao Noi Resort
Претставува прекрасна презентација за сѐ што нуди Тајланд. Лоциран е на островот Јао Нои, а до него од аеродромот може да се стигне само со брод и тоа по еден час возење.
5. Sarojin Beach Resort in Khao Lak
Уште еден во низата прекрасни ресорти.Нуди 55 прекрасни вили, а гостите може да уживаат во спа третмани и вкусната азиска кујна.
Продолжува…