Најубавите пролетни чанти

Ви ги претставуваме најинтересните и највпечатливи чанти за новата сезона, со потписот на Шанел, Диор, МекКвин, Гучи, Стела и други големи имиња од светот на дизајнерите и модата.
Денеска ќе ве запознаеме со 10 од најефективните чанти за новата сезона, со чија што помош ќе ја зачините секоја комбинација.

Dior

1

Во новата колекција на Dior, ќе пронајдете необичен спој на ретро-футуризмот и лежерниот раскош на Марија Антоанета. Резултатот е интересна чанта со принт, која малку го имитира примерот на рококо стилот со метално „око“.

Alexander McQueen

2

Интересирањето за источната култура, било прилично интересно и популарно во 70-те, кое оваа сезона се провлекува низ речиси сите колекции. Графичкиот принт и јапонскиот стил, освен на кимоното пристигнаа и на фантастичната чанта, со потпис на модната куќа Alexander McQueen.

Marc Jacobs

3

И оваа сезона милитари трендот го најде своето место, под модните рефлектори. Јакните и сакоата со груб крој, украсени со чипка, фантастичните апликации и меки материјали, му дадоа на овој стил поинаква и чик нота. Чантата од брендот  Marc Jacobs освен дневните, може да ги зачини и вечерните комбинации.

Gucci

4

Оваа пролет градските улици ќе ги обиколат жените, на кои главното „модно“ оружје ќе им бидат овие чанти. Направете временско патување и донесете го стилот од 70-те во модерниот свет.

Carven

5

Мека форма, округли рачки, контрасни линии – ја обележуваат оваа чанта и и даваат ретро призвук и доза спортска лежерност. Совршено ќе одговара со елегантна комбинација. Слободно искомбинирајте ја на пример со рамни обувки.

Chanel

6

Тие не се нешто ново, но благодарение на Chanel не губат од својата популарност. Ако патите од недостаток на инспирација, а сакате да изгледате скапо, ова е дизајнот за вас.

Etro

7

Ако се уште не поседувате чанта со реси, крајно време е да го промените тоа. Уште ако чантата е декорирана со мали и шарени украси кои создаваат интересен етнички мотив, ќе бидете во полн сјај и на чекор со најновата мода.

Stella McCartney

8

Правилото „тексас од глава до пети“, благодарение на Stella McCartney, сега можете соодветно да го испратите. Во нејзината колекција изработена од еколошки материјали ќе пронајдете модерен тексас додаток.

Proenza Schouler

9

Новиот модел на чанти од Proenza Schouler обедини два тренда: црно-белиот контраст во комбинација со змијски дезен. Моделот е распродаден уште пред да стигне до полиците на бутиците.

Louis Vuitton

10

Од оваа модна куќа пристигна Petite Malle Foldover од мека кожа, достапна во три различни бои.

- Реклама -