Со нетрпение го очекуваме летото. На пролет некако започнува нуркањето во соништа за сините брегови, топлите песоци и тенот на прегорен шеќер.
TripAdviser го објави своето последно истражување токму навреме и утврди кои се најубавите плажи во светот. Тие составија листа на најубавите плажи во Велика Британија, САД и Европа.
Со своите тиркизни води и убави зелени карпи, архипелагот Фернандо де Нороне е прв меѓу најдобрите плажи во светот.
Една од највисоките проценки добива и Баја до Санча чија проѕирна вода им овозможува на нуркачите да го допрат подводниот свет, да уживаат во убави риби и корали, како и на морски желки.
Проблемот е дека до ова парче од рајот се доаѓа многу тешко и посетителите треба да се спуштаат по едни високи и стрмни скалила, кои им претставуваат проблем на оние кои имаат страв од височина.
Плажата Фламенко во Порторико го завршува триото на најубавите плажи на планетата.
САД исто така се појавува со егзотичн пласман благодарение на плажата Ланикај во Хаваи, поради исклучително белиот песок.