Тоа е затворот Хајден во Норвешка – земја каде што затворот е повеќе место за рехабилитација, отколку за казна. Резултатот е општество со многу помалку повторни прекршители, многу помалку затвореници и многу помалку криминал воопшто.
Тука има повеќе општи сали за меѓусебна комуникација. Групата ќелии од околу 10-12 ги дели една таква соба и кујна.
Затворениците се учат да готват од мајстори готвачи.
Имаат пристап и до книги и весници, кои што можат да ги читаат на удобните фотелји во библиотеката.
Во затворот има продавница за да се учат затворениците на вредноста на парите и како да пазаруваат. Така се подготвуваат за животот надвор.
Надвор има прекрасна градина која што го разубавува 7-метарскиот ѕид околу затворот.
Чуварите поминуваат 2-годишна обука на Академија, каде учат како да ги мотивираат затворениците и како да се хранат и вежбаат заедно со нив. Половина од чуварите се жени.
Затворениците добиваат најдобра медицинска нега во затвор.
Кујната е чиста и светла. Таму затворениците не само што се хранат, туку и учествуваат во подготовката на храна.
Затворот дури има студио и наставници по музика.
Затворениците можат да играат кошарка, да се искачуваат по ѕидови или да играат фудбал надвор.