Оваа убавица од Балканот им го освои срцето на Американците.
Американскиот портал „Beautiful Women Pedia“ ја прогласи 26-годишната Босанка Соња Зекиќ за најубава природна жена во светот за 2013 година. Соња од 18 години се занимава со манекенство, а во последните неколку години живее во Сараево каде што завршила Економски факултет, а сега работи по струката.
„Американците ме известија за победата преку електронска пошта. Ги пронашле моите фотографии на Интернет и на Фејсбук, а потоа нивното жири ме прогласило за најубава природна жена за оваа година“, рекла Соња за Klix.ba и додала:
„Кога видов дека со мене на листата биле и светски модели кои работат за најпознатите модни куќи многу се изненадив и поради тоа сум особено горда на оваа победа која ќе ми отвори многу можности да напредувам во светот на модата“.
А еве што пишува „Beautiful Women Pedia“ за неа:
„Таа има прекрасно лице и совршено тело со беспрекорни женски атрибути. Тоа беа причините поради кои е прогласена за најубава природна жена за 2013 година. Соња е прекрасна, а убавина како нејзината е се потешко да се најде затоа што живееме во свет на измами, генетски модифицирана храна, Фотошоп, пластични операции и слично“.