Најтесната куќа во светот

куќаСокак помеѓу две згради во Варшава, Полска, ќе биде локацијата на најтенката куќа во светот. Четириспратната градба ќе има спална и дневна соба, бања и кујна. И иако куќата ќе биде долга речиси 12 метри, наместо традиционални скалила, секој спрат ќе биде поврзан со вертикална скала.

Оваа градба ќе го преземе рекордот од моментално најтесната куќа, The Wedge, која се наоѓа на остров во близина на Глазгов. Таа куќа е широка само 119 сантиметри на предната страна, но има облик на трапез и се шири до 6,7 метри. Куќата била продадена како летен дом во 2000 година за 27.000 британски фунти. „Нашата куќа има иста ширина во целата должина“ вели еден од членовите на полскиот дизајнерски тим.

„Го видов сокакот и помислив дека треба да се пополни. Ќе биде употребен од ументици“ рекол архитектот Јакуб Шчежни за тесниот простор помеѓу станбените блокови во Варшава. Првиот човек кој ќе се всели во куќата ќе биде израелскиот писател Етгар Керет откако британскиот историчар Норман Дејвис ја одбил понудата да се всели.

Уште една куќа која се истакнува со недостигот на ширина се наоѓа во Брајтон. Куќата е во сопственост на Ијан и Рејчел Бојл и е само 1,82 метри широка и 6,4 метри од предниот до задниот ѕид. Брачниот пар, го купиле домот во Холингдин областа од градот за 8000 фунти пред 13 години. Тие потрошиле 15.000 фунти за реновирање на куќата, и сега ја изнајмуваат.

Америка исто така има позната тесна куќа – 75 1/2 Bedford St во Њујорк, која е само 2,8 метри широка и долга само 9,1 метри. Овој мај куќата била продадена за 4,3 милиони долари, а во неа некогаш живеел Кери Грент, актерот Џон Баримор, поетесата Една Сејнт Винсент Милеј и аниматорот Вилијам Стеиг. Куќата е популарна станица на туристичките прошетки низ Bohemian Greenwich Village, нејзината слава претставува далечен пат од нејзината оригинална намена како чевлара. [Polish architect builds world’s narrowest house between Warsaw tower blocks]

- Реклама -