Најтенката тастатура во светот

Британски научници измислија флексибилна тастатура за компјутер, која е тенка како лист хартија, а секој дел од неа може да се претвори во површина од екран на допир, соопшти Daily mail. Компанијата Cambridge Silicon Radio (CSR) тврди дека оваа тастатура е најтенката во светот – со дебелина од половина милиметар.

Преку неа компанијата им пружа на корисниците „поглед на идните компјутерски интерфејс”, кои ќе бидат  тенки како хартија, безжични и чувствителни  на допир.

Уредот може да се користи за  Smartphones и лап-топ, па така  корисниците ќе можат да ја  користат тастатурата  во целост, кога пишуваат. Со нејзина помош ќе можат  да се направат дури и скици.

- Реклама -