Мајкл Китон од филмот „Човекот птица“, доживеа разочарување на Оскарите.
Имено, најголемата трка околу Оскарот за најдобар актер во главна улога, се водеше токму меѓу Мајкл и Еди Рејман кој го толкуваше Стивен Хокинг во филмот „Теорија на се“.
И кога беше повикан Еди да ја земе престижната награда, Китон беше снимен како го враќа својот подготвен говор во џебот.
Многумина мислат дека овој Оскар замина во погрешни раце и ако некој навистина го заслужи тоа беше Мајкл Китон.