Од Die Hard, Planet Terror и The Fifth Element, до Unbreakable и Sin City, ова се најстрашните улоги на Брус Вилис.
Џон Меклејн во Die Hard
Лутиот ирско-американски детектив прво се проби на сцената во 1988 година, a оттогаш се појавува во четири хит филмови со петто продолжение закажано за 2013 година. Постојано се наоѓа во топ десетте најдобри акциони филмови, и останува една од најсаканите акциони фикури во филмската историја.
Комбинација од паметен и мудар херој со брутална ефикасност, тој истовремено е и екстремно забавен за гледање, и веројатно ќе остане ликот со кого луѓето ќе го поврзуваат Вилис. Една од причините зошто Меклејн работи така добро е тоа што тој не е човек што ќе очекува работите да испаднат како што треба. Премногу е лабилен за да биде добар сопруг, има премногу гордост и агресија потисната во себе. За среќа, сите овие недостатоци што го прават не толку добар семеен човек, го прават полицаец со кој не сакате да се закачате, а тоа е она што гледачите ги интересира.
Корбен Далас во The Fifth Element
Кој било таксист во светот да добие закани од вонземјани, сигурно нема да биде така добро подготвен како Вилис во улогата на Корбен Далас. Поранешен генерал во специјалните сили, тој е малку луд, но добро го знае оружјето и ја поседува целата храброст и глупавост што е потребна за да оди против сили кои се далеку помоќни од него самиот. За некои, необичната приказна на Петтиот елемент сама по себе ја заматува оригиналноста и опасната природа на Вилис, но од друга страна, тоа е само доказ дека може да се приспособи и да изгледа страшно во кој било жанр.
Далас, исто така, заслужува внимание и место во оваа листа поради тоа што пука вонземјанин во лице за време на преговори. Тоа не е нешто што луѓето обично го прават, особено кога непријателите се далеку побројни од него.
Чакалот во The Jackal
Чакалот во The Jackal
Чакалот можеби не е најдобриот филм на Вилис, но добра е идејата токму тој да ја глуми злобната машина за убивање која зборува неколку јазици. Прецизното планирање во комбинација со сите луди оружја од висока технологија со кои тој работи, го прават мошне сериозен, моќен и добар противник.
Исто така, тешко е целосно да отфрлите филм кој му овозможува на Вилис да ја крене во воздух раката на Џек Блек со оружје кое неговиот непријател го направи во сцена од Најопасни игри вклучувајќи го шефот на проектот и кутија цигари.
Полковник Мулдун во Planet Terror
Сè околу Planet Terror е мегаломанско. Од ногата-митралез на Роуз Мекгован, до мутирачкиот полковник. Претпочита вишок наместо суптилост и додека вредностите на тоа како филмска техника можат да се расправаат и дебатираат, опасниот Мулдун го оправдува сето тоа. Очигледно, тој го уби Осама Бин Ладен. Спротивно од она што ќе ви каже Zero Dark Thirty, вистинската приказна го вклучува Мулдун и неговите луѓе лутајќи низ авганистанската граница, кога полковникот го нашол непријателот, го погледнал право во очите и испукал „два куршуми во неговото срце и еден во неговиот компјутер“.
Вилис тука е социопат кој нема што да изгуби и сите грозоморни течности течат низ неговите вени. Дури и на оваа листа на најзастрашувачки ликови, овој ќе биде последниот со кој би сакале да се закачате.
Детектив Џон Хартиган во Sin City
Вилис одиграл многу мажи кои се понаметливи на големите екрани, но никогаш не одиграл некој толку претпазлив и несебичен како детективот Хартиган. Во две различни пригоди, тој го дава, или барем се обидува да го даде својот живот за Ненси, а два пати е подготвен да го налути Сенаторот и неговите колеги членови на полициските сили, со цел да го направи тоа што треба и што е правилно да се направи. Само неколку работи се пострашни од смртна игра со човек кој не е загрижен за смртта.
За жал, за Рорк Џуниор, една од тие пострашни работи е човек кој не мисли два пати пред да пука во нечии тестиси само за да докаже поента.
Дејвид Дан во Unbreakable
Има нешто нефер во тоа да му дадат лик со натприродни сили на Вилис, но точно тоа чуварот Дејвид Дан го добива во Нескршлив. Преживува сообраќајна несреќа, несреќа во воз и ги откорнува вратите толку лесно како што обичен човек крева салфетка.
Под услов да биде понастрана од вода, тој е практично незапирлив, иако е малку различен, земајќи предвид дека тој навистина не ужива во конфликтот така како што уживаат повеќето ликови на листата кои сакаат само да го истепаат непријателот до смрт. Сепак, не е баш тип на човек кој би сакале да шета наоколу.
Полковник А.К. Вотерс во Tears Of The Sun
Заборавете на криминалци. Понекогаш нема ништо пострашно од човек решен да го направи тоа што е правилно за мотиви далеку поголеми од себеси. На почетокот на филмот, полковникот А.К. Вотерс нема проблем да ги остави сите бегалци на грижа на д-р Кендрикс за да се грижат за себе, но откако ќе го види масакрот проследен со нивно масовно убиство, вината и гневот почнуваат да работат во него и одлучува да преземе нешто околу тоа. Со оглед на тоа дека има морнарски тим на располагање, може да игра како сака.
Вообичаено, Вилис е малку неуреден напаѓач/одмазник во неговите филмови. Ги крши правилата и убива на неконвенционални начини. Како војник, пак, тој е многу подисциплиниран и воведен во ред, што е убава промена на долги стази. Ако ништо друго, сиурно е поефикасна.
Г-дин Гудкет во Lucky Number Slevin
Г-дин Гудкет технички може да е платен убиец со совест, но неговиот капацитет да сочувствува не е поразличен од оној што го имаат невините деца фатени во лоши ситуации. Освен Слевин, не е баш заинтересиран за поштедување животи, и со задоволство ќе се стави себеси во опасност да работи на двете страни од островот ако тоа значи дека ќе му се исплати. Плус, земајќи предвид тоа што тој го одгледа Слевин, неговата потрага по крв е практично резултат на неговото лошо родителство.
Исто така, мора да си посебно луд за да сакаш да ја откачиш Луси Лу за некои слики. Се разбира, таа не умре, но самата идеја за тоа покажува колку Гудкат е индиферентен кон човечкиот живот. Би убил илјадници ако тоа значи чист пат без препреки. [Bruce Willis’ 10 Most Terrifying Characters]