На 28-ми септември 2011 година, еден од најпознатите падобранци во светот, Џеб Корлис, успешно го изврши скокот кој остана запишан во историјата како еден од најризичните летови кога и да било, и како што тој вели: „најтешката работа што ја направил некогаш“.
Имено, Корлис направи неповторлив прелет низ процепот на планината Тианмен во Кина, кој е широк во најгорниот дел 18, а надолу се стеснува до само 3,5 метри, и низ кој помина со брзина од 250 километри на час.
Доколку тогаш не се наеживте од ризичниот скок, време е да ја погледнете уште еднаш целата акција, но овој пат од поблиску.
[youtube]http://youtu.be/Sz8sS7nzR7o[/youtube]