Најстариот син во семејството Бекам – Бруклин потпиша договор со агенција за модели, а следниот чекор во неговата кариера ќе биде претстојната улога во холивудска продукција.
Откако помалиот брат Ромео сними рекламна кампања за Божиќ за светскиот бренд Burberry, сега и Бруклин тргнува по неговите чекори, откриваат извори.
Во неколку интервјуа, Викторија Бекам сподели дека би сакала нејзините деца да работат во модниот бизнис, исто како неа, а најголеми надежи таа гаи кон најмалиот претставник на фамилијата – ќерката Харпер Бекам.
Многумина беа сигурни дека Бруклин ќе тргне по патот на својот татко Дејвид и ќе се насочи кон фудбалот, со оглед на тоа што до неодамна тој тренираше со младинскиот тим на “Арсенал”.