Најстариот град во Русија

Лоциран во теснец меѓу Каспиското езеро и Кавкаските планини на западниот крај на Евроазија, се наоѓа градот што се смета за најстариот во цела Русија. Неговата историја оди наназад до пред 5.000 години.

Од мала населба во Бронзено доба, градот Дербент прераснал во еден од најголемите средновековни градови во Источна Европа, а дел од тоа може да се види и преку уникатната урбана структура. На пример, опкружен е со ѕидини со вкупна должина од 40-тина километри, кои се протегаат од планината до езерото.

Позицијата на Дербент меѓу Каспиското езеро и Кавкаските планини била (и е) клучна за целиот кавкаски регион – тоа е еден од само двата премина преку планинскиот венец. Таквата локација им овозможила на владетелите на градот да го контролираат копнениот „сообраќај“ меѓу еврозаиската степа и Блискиот Исток, дебело оданочувајќи ги трговците што минувале тука. Всушност, самото денешно име на градот доаѓа од персискиот збор Darband – што значи „оградена капија“. Кога во 654 година Дербент паднал под власт на Арапите, пак, тие го нарекле Bab al-Abwab, или во превод „Порта на портите“.

Илустрација на која е прикажан градот во доцниот 17-ти век.

Без да навлегуваме во деталната историја, градот бил клучен и потпаѓал под власт на неколку империи. Во 9-от век Дербент бил најголемиот град во Кавказ, со популација од над 50.000 жители. По Арапите, паднал под власт на Ерменците, која траела до монголската инвазија во 13-от век. Во следните години и векови паднал и во рацете на Ширваншасите (династија во модерен Азербејџан), Иранците и Отоманците. Во 19-ти век, по крајот на руско-персиската војна, Дербент и големи делови од Дагестан ѝ припаднале на Руската империја.

Денес изгледа вака:

 

- Реклама -