Најстариот филм во боја најден во музеј во Британија (видео)

Националниот Музеј на Медиуми во Велика Британија објави дека го нашле најстариот филм во боја.

Филмот бил најден во музејскиот сеф, сокриен во стара конзерва од 1899 година. Ова откритие би можело да ја промени раната историја на филмовите. Филмот бил создаден од Едвард Рејмонд Тарнер. Во последната деценија од деветнаесетиот век тој работел на создавање фотографии во боја – што несомнено го инспирирало да го направи истото со филм.

Тој го открил процесот за одделување на бои со кои сликата се разделува на црвена, зелена и сина боја. Мајкл Харви, кураторот кој го открил филмот, прво помислил дека се работи за неуспешен обид за создавање на филм во боја, но по подетална анализа тој сфатил дека Тарнер создал доста уникатна техника.

Прочитајте и:  „Св. Ѓорги“ и Јени џамија, од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство

{youtube}XekGVQM33ao{/youtube}

Иако филмот изгледа црно-бел кога го гледате со голо око, секоја рамка изгледа малку поразлично. Причина за ова е процесот во кој Тарнер ја правел секоја рамка низ специфичен филтер, црвен, зелен или син. За среќа на тимот за реставрирање Тарнер ја обележал бојата на секоја рамка.

По конвертирање во стандардна големина и нанесување на соодветен филтер, тие успеале да го дбијат филмот во боја, токму како што Тарнер планирал. Единствениот проблем со кој се соочил Тарнер било отсуството на соодветен проектор.

- Реклама -