Дали 92-годишниот Доналд Краудис, поранешен домаќин на The Nature of
Things на Канадската телевизија е најстариот блогер на светот? И да не
е, неговиот блог е супер! „Стариот“ има смисла за хумор и мудрост
стекната низ годините, која преку член на семејството ја пренесува на
блог заедницата.
Дали 92-годишниот Доналд Краудис, поранешен домаќин на The Nature of Things на Канадската телевизија е најстариот блогер на светот? И да не е, неговиот блог е супер! „Стариот“ има смисла за хумор и мудрост стекната низ годините, која преку член на семејството ја пренесува на блог заедницата.
Тој живее во Торонто, Канада и наскоро ќе наполни 93 години. Г-дин Краудис нема компјутер(иако планира да купи 2) и пишува на неговата кујнска маса наутро, по што следи доручек и задолжителните апчиња. Потоа ги испраќа писмата преку пошта до роднина во Њу Брунсвик кој ги пречукува на компјутер и ги постира на еклектичниот блог „Don To Earth“.
Доналд ја дели својата мудрост на сите теми – староста, религијата, готвење, па дури и канибализам. Еве еден краток извадок од блогот на оваа тема:
[T]he best food, or at least the best protein, is that which is most like our own. Of course, eating others of our kind gives rise to social problems, and is rare as a result, but it happens. In times past, among some of the Pacific Islands peoples, since a butchered human very much resembled a butchered pig, it was referred to as "long pig". I presume these cannibals ate only their enemies, not their family members, no matter how tasty they may have looked. Most of us have accepted that humans are precious in the sight of God, while ordinary pig, or "short pig", is OK nutrition.
Прочитајте нешто повеќе од неговата мудрост на: http://dontoearth.blogspot.com