По Втората светска војна, Американците започнале со лансирање на ракетите V2, кои ги конфискувале од Нацистите, со цел да ја проучат технологијата и да конструираат свои ракети. На 24 октомври, 1946 година, со 35 милиметарска камера е направена првата фотографија од вселената, од височина од 104, 6 километри над површината на Земјата.
Кармановата линија, на височина од 100 километри над површината на Земјата, се смета за границата што ја дели атмосферата на нашата планета од вселената и поради тоа, оваа фотографија и официјално се смета за прва направена од вселената. Претходно, најголемата височина на која била направена фотографија била 22 километри над површината, од балонот на топол воздух „Експлорер 2“, во 1935 година.
Првата фотографија на која се гледа целата планета е направена во 1972 година, од екипажот на мисијата Аполо 17, при излегувањето од земјината орбита, на патот кон Месечината. Бидејќи тројцата астронаути наизменично фотографирале, никој не знае со сигурност чие дело е најспоедлуваната фотографија во човечката историја, насловена The Blue Marble.
Во текот на мисијата на Аполо 17, во времето кога е направена оваа славна фотографија, астронаутот Јуџин Сернан изјавил: „Знам дека не сме први што го откриваме ова – но, би сакале да потврдиме, од екипажот на Америка, дека светот е тркалезен“.