Најстарата активна преднарачка… откажана!

Дјук Нукем Преднарачаката која била активна уште 2001 година, а која е направена за долгоочекуваната игра „Дјук Нукем засекогаш“, нема никогаш да биде исполнета…

ПотврдаВо 2001 година, еден пасиониран гејмер направил преднарачка за играта „Дјук Нукем засекогаш“ и оставил депозит од 10 долари. 8 години подоцна се испостави дека тој никогаш нема да го види исполнувањето на својата нарачка.

Играта со пукање, во прво лице, со американската русокоса икона Дјук Нукем, поради некои непознати причини, беше во развивање цели 12 години. Пред неколку дена, од компанијата која ја развиваше оваа игра, 3D Realms, objavija дека ставаат крај на напорите поради тоа што се соочиле со банкрот и неминовна пропаст.

На Слеш000, најтрпеливиот човек во гејмерскиот свет, му посакуваме среќа во борбата за враќање на депозитот. [Gaming’s oldest preorder may go unfulfilled]

- Реклама -