Кендис Седиган и нејзиниот златен ретривер Чамп имаат навистина посебна врска и претставуваат вистински тим од соништата. На 20-годишната фотографка не и е потребен друг модел кога нејзиното куче има доволно трпение да седи мирно и да позира дури и кога има пеперутка на носот.
Кендис го добила Чамп кога имала само 9 години, а откако за 13-от роденден добила дигитална камера, моделската кариера на ова симпатично кученце започнала да оди по нагорна линија. Овие пријатели веќе освоија неколку награди на разни фотографски натпревари, од кои многу беа издадени и како честитки.