Најсподелуваните реклами на YouTube минатиов месец се доказ дека интернетот прифаќа било каков спектакл со задоволство. Подгответе се за разнолика забава во овие реклами за технологија, автомобили и старци за кои не важи гравитацијата.
Coca Cola – Безбедносни камери
Оваа реклама ги слави алтруистичното, храбро и лудо однесување кое може да се забележи на безбедносни камери.
{youtube}auNSrt-QOhw{/youtube}
Microsoft Surface
Оваа реклама за новиот Microsoft Surface ве тера да се запрашате дали компанијата рекламира таблет или нов албум на Skrillex.
{youtube}dpzu3HM2CIo{/youtube}
BMW – M5 „Куршум“
BMW сакале да создадат уметност со високи перформанси во рекламата за M5, создавајќи реплика на снимки од куршуми на многу повисоко ниво.
{youtube}ZDuxWGHA-Z4{/youtube}
Pepsi MAX и Кари Ирвинг – „Чичко Дру“
Играчот на Cleveland Cavaliers Кaри Ирвинг го демонстрира својот актерски талент во оваа реклама за Pepsi MAX. Пепси снимаа „документарен филм“ за кошаркарот Кевин. Ирвинг го играше неговиот осумдесет годишен чичко Дру.
{youtube}8DnKOc6FISU{/youtube}
IRN-BRU – Новороденче
IRN-BRU е популарен пијалак во Шкотска. Очигледно покрај неговата способност за задоволување на жедтта тој може да помогне и со справување со необичното име на вашето бебе.
{youtube}ibuLgsVcQUY{/youtube}