„Најсладок ми е кога трча по тревата само во шорцеви и бос“

Без разлика дали е таа бремена со второ дете или не, Шакира едноставно блеска.
Популарната пејачка Шакира и нејзиниот дечко фудбалерот Жерар Пике слободното време со задоволство го поминуваат заедно. Семејната идила секогаш е комплетирана со нивниот син Милан, со кој се во село каде малиот може да ужива и да ги види животните на фармата.

Познатиот фудбалер објавил заедничка фотографија на својот Фејсбук профил.

Screenshot_3

„Милан има уникатна личност. Се го интересира, и некогаш сум среќна за тоа, а веќе во следниот момент размислувам колку тоа може да биде опасно. Сака да си игра со татко му, да поминува време во природа, и најсладок ми е кога трча по требата само во шорцеви и бос. Тогаш ми е неодолив“, изјавила Шакира.

Screenshot_2

Шпекулациите за второто бебе се појавија по настапот на Светското првенство во Бразил, а сега Шакира признала дека би сакала да има големо семејство.

 

- Реклама -