Најскапото шампањско во светот

 

Шампањското без сомнение е едно од најскапите задоволства.„Taste of Diamonds” е производство на Hause Goût de Diamants, а  цената од 1,4 милиони евра го прави најскапото шампањско во светот. Дизајнерот Александер Амосу, пак бил инспириран од Супермен, работејќи на дизајнот на шишето.

sh3

Шишето е украсено со 18-каратно бело злато и со бели дијаманти. Симболите на шишето го имитираат триаголното лого на Супермен и се произведени и монтирани рачно.

Клиентите кои можат да ја платат сумата од 1,4 милиони евра за оваа шише, имаат можност да добијат гравирање на нивното име врз амбалажата.

sh2

Ова  не е само обичен шампањ, имено истиот е добитник на наградата за најдобро шампањско (“Champagne Best Taste Award 2012″) за 2012 година, со 81 од вкупно 100 поени.

Александар Амосу е дизајнер на накит и често работи на дизајнирање луксузни проекти. Неговата компанија „Amosu Couture Phones” е специјализирана и во областа на мобилни уреди, вклучувајќи „GoldBerry Bold 9780″, со цена од околу 1.300 евра.

 

- Реклама -