„Играчи на карти” на Пол Сезан е досега најскапо продадената слика во историјата на уметноста, за дури 50 милиони долари. „Играчи на карти” е една од вкупно пет слики на Сезан купена од колекционер, додека останатите четири се сопственост на големи светски музеи – меѓу нив Метрополитен и Д’Орсе.
Петтата слика до пред неколку години беше во сопственост на грчкиот магнат Џорџ Ембрикос. Откако во текот на целиот свој живот ги отфрли понудите да ја продаде, пред смртта Ембрикос сепак отстапи и го продаде делото, на Владата на Катар, односно шеикот Ал Мајаса. Катар во последните години има оправдани претензии да стане културен и уметнички центар на арапскиот свет, инфестирајќи многу во овој потфат.