Најскапите стрипови на сите времиња

Detective comicsБлагодарение на Холивудските филмски хитови во кои главните улоги ги имаат стрип-јунаците, во последно време стриповите се повеќе  ја добиваат заслужената популарност. Прочитајте го овој напис за да видите колку всушност вредат некои од легендарните изданија.

Благодарение
на Холивудските филмски хитови во кои главните улоги ги имаат
стрип-јунаците, во последно време стриповите се повеќе  ја добиваат
заслужената популарност. Прочитајте го овој напис за да видите колку
всушност вредат некои од легендарните изданија.

 

 
1 & 2. Action Comics #1 (Јуни 1938) и Супермен #1 (1939)

Овој стрип за прв пат го претстави Супермен и за колекционерите важи за „Светиот грал„ помеѓу стриповите. Супермен бил толку популарен, што станал првиот карактер кој имал сопствен стрип. Супермен #1 излегол во летото 1939 година.

Action Comics #1
Цена во 1938: 10¢
Цена во денешно време: $350,000

Superman #1
Цена во 1939: 10¢
Цена во денешно време: $210,000

 
3. Detective Comics #27 (Мај 1939)

Само една година подоцна, цртачот со име Bob Kane решил да креира суперјунак, повеќе мрачен, помистериозен и повеќе “човек“ отколку “чистиот“ Супермен. Неговата креација: Бетмен. За разлика од телевизиската серија од 60-тите, Бетмен во овој стрип е мрачен, одмазнички настроен тип. На насловната страна пишувало „Почнувајќи од овој број: Извонредните и уникатни авантури на Бетмен!“, а стрипот ветувал “64 страни акција!„

Цена во 1939: 10¢
Цена во денешно време: $300,000

 
4. Marvel Comics #1 (Октомври 1939)

Во 1939 година стрип-издавачите Funnies Inc. склучиле договор со издавачот Martin Goodman со предлог за снабдување со готови стрипови. Се што требал тој да направи е да ги издаде. Знаејќи колку пари правеле Action Comics, договорот бил склучен и се родиле Marvel Comics. Првиот број ги претставил трите легендарни Marvel карактери: Sub-Mariner of Atlantis, Human Torch и Ka-Zar the Great, човекот кој израснал и живеел помеѓу мајмуните (многу слично со Тарзан, уште еден популарен човек израснат помеѓу мајмуните. За чудо, дури и името е слично).

Цена во 1939: 10¢
Цена во денешно време: $250,000

 
5. Batman #1 (Пролет 1940)

По појавувањето во 13 броеви на Detective Comics, Бетмен и неговиот нов партнер Робин (за прв пат претставен во Detective Comics #38) – стануваат толку популарни што добиваат сопствен стрип. Бетмен прво започнал како квартално издание, потоа излегувал еднаш на два месеци, за на крај да излегува еднаш месечно. По 63 години и 600 издадени броеви на овој стрип, Бетмен сеуште држи се под контрола во Готам Сити.

Цена во Април 1940: 10¢
Цена во денешно време: $100,000

 
6. Amazing Fantasy #15 (Август 1962)

Насловната страна кажува се: „Иако светот може да го исмејува Peter Parker, обичниот тинејџер – наскоро ќе ја почувствуваат моќта на… СПАЈДЕРМЕН!„ Писателот Stan Lee (псевдоним на Stanley Martin Lieber) и цртачот Mike Steve Ditko неможеле да претпостават дека ќе започнат уште една стрип легенда. Спајдермен е првиот карактер кој е обичен тинејџер, поминувајќи низ сите нормални тинејџерски проблеми: срам, заљубеност во убава девојка итн. Не е чудо што и денес тинејџерите сеуште паѓаат на приказнава.

Цена во 1962: 12¢
Цена во денешно време: $42,000

 
365.com.mk наскоро ќе започне со поставување на  скенирани легендарни изданија на стрипови, се разбира ако за тоа има интерес. Ако сте љубител на стриповите и сте заинтересирани да се вклучите во проектот, испрате e-mail на editor[at]365.com.mk
- Реклама -