Претходно оваа недела водителот на телевизиската емисија „Америка бара талент” Ник Канон се појави со специјално изработени чевли, од популарниот златар Jacob the Jeweler.
Познатиот златар покрил со дијаманти пар вечерни чевли од брендот Tom Ford специјално за финалето на сезоната на преносот, кој е во два дела.
За правење на овие чевли се користат над 14 000 кружни бели дијаманти, вкупно околу 340 карати, кои се прикачени на бело злато, кое пак потоа е прицврстено кон нив.
Целиот процес одзел речиси една година.
Колку сепак чинат овие чевли?
– Околу 2 милиони долари, што ги прави во голема мера најскапиот пар на чевли кои еден маж некогаш ги носел.